Македонија

Кривична пријава против пироман од струшко, ја запалил тревата што ја собирал, а потоа пожарот се префрлил и на соседната јасика

Кривична пријава против пироман од струшко, ја запалил тревата што ја собирал, а потоа пожарот се префрлил и на соседната јасика

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(53) од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Тој, на 09.04.2026 година, на сопствено земјиште лоцирано покрај регионалниот пат Струга-Калишта, запалил сува трева и нискостеблеста вегетација која претходно ја собрал а набрзо, пожарот се проширил и кон дрвниот насад со јасика покрај патот.

При пожарот, немало повредени лица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни