Македонија

Кривична пријава за 36-годишна охриѓанка – малолетниот син го оставила на 17-годишна девојка да го чува

Кривична пријава за 36-годишна охриѓанка – малолетниот син го оставила на 17-годишна девојка да го чува

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(36) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Таа, на 11.11.2022 година ангажирала 17 – годишна малолетничка да го чува нејзиниот малолетен син, со што постапила спротивно на решението на Центарот за социјални работи, според кое синот ѝ бил доделен на чување и воспитување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни