Македонија

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец, ја нападнал поранешната партнерка

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец, ја нападнал поранешната партнерка
Фото: 4news.mk

Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

По преземени мерки и активности, од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни