На денешната прес-конференција министерот Панче Тошковски соопшти дека во делот на кривичната пријава која е поднесена вклучен е и поранешен премиер.
Тој вели кривична пријава којашто на 13.12.2024 година од страна на оделот за сузбивање на организиран криминал и корупција е поднесена до ОЈО Скопје против осум лица.
-Кривична пријава против 8 физички лица од кои едниот е поранешен премиер, едниот е поранешен вицепремиер, едниот е поранешен директор на едно правно лице и едниот е поранешен генерален секретар, останатите се да речеме еве државни службеници коишто работат во рамки на едно од правните лица, изјави Тошковски.