Свет

Крвав 1. мај во Париз, полицијата фрлаше солзавец кон демонстрантите (ВИДЕО)

Француската полиција мораше да реагира со солзавец да ги растера демонстрантите кои денеска одржаа првомајски протест во Париз против политиката на претседателот Емануел Макрон.

Работничките синдикати т.н. жолти елеци повторно беа на улиците низ Франција, само неколку дена откако Макрон ги изнесе предлозите, вклучувајќи ги даночните олеснувања во висина од 5 милијарди евра.

Сведок за „Ројтерс“ рекол дека полицајците испалиле неколку солзавци врз демонстрантите. Неколку од „жолтите елеци“ одговориле со тоа што фрлале предмети врз полицијата.

The post Крвав 1. мај во Париз, полицијата фрлаше солзавец кон демонстрантите (ВИДЕО) appeared first on ТВ21.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни