Свет

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсени двајца тинејџери за убиство на 17-годишно момче со „големи ножеви“

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсени двајца тинејџери за убиство на 17-годишно момче со „големи ножеви“

Двајца тинејџери се уапсени под сомнение за убиство на 17-годишно момче по масовна тепачка во парк во британскиот град Лутон. Полицијата вчера, нешто по 18:30 часот, примила дојава за судир меѓу две групи во паркот „Kingsway Recreation Ground“, каде што според очевидци била забележана група млади луѓе кои носеле „големи ножеви“, јавува Sky News.

Седумнаесетгодишното момче, кое во бруталниот судир здобило повеќе убодни рани, итно било пренесено во болница, каде што набрзо им подлегнало на повредите. Полицијата од Бедфордшир потврди дека двајцата млади мажи, кои првично беа приведени поради учество во насилен судир, сега и официјално се осомничени за убиство.

Идентитетот на жртвата сè уште непознат

Еден од уапсените осомничени во моментов се наоѓа во болница со тешки повреди, кои сепак не се опасни по животот. Официјалниот идентитет на убиеното момче сè уште не е јавно објавен, а полицијата соопшти дека на неговото семејство веќе му е обезбедена професионална поддршка за справување со трагедијата.

Главниот инспектор Ник Гарднер упати јавна порака веднаш по инцидентот:

„Страшното насилство во Лутон за жал однесе уште еден млад тинејџерски живот. Нашите мисли во овие тешки моменти се пред сè со семејството и пријателите на момчето кое почина во вакви трагични околности.“

Полицијата апелира: Не споделувајте вознемирувачки видеоснимки

Полициските тимови денеска се на терен во голем број, при што се воведени засилени патроли низ градот со цел да се врати чувството на безбедност кај локалното население.

Инспекторот Гарднер упати и итен апел до јавноста и корисниците на социјалните мрежи: граѓаните да престанат со споделување на вознемирувачките видеоснимки и фотографии од нападот. Ваквите материјали, освен што му нанесуваат дополнителна болка на семејството на жртвата, воедно претставуваат и клучни докази во истрагата кои не смеат да се компромитираат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни