Поврзи се

Свет

Крвав напад во Мексико, убиени 13 лица во ресторан, меѓу нив и едно бебе

Вооружени лица ноќеска убиле 13 лица во еден ресторан во Мексико, меѓу кои и едно бебе, јавува „Ексцелзиор“. Нападот се случил во градот Минатитлан во државата Веракруз. Настрадале пет жени и седум мажи.

Оваа држава е позната по криминалот и вооружените престрелки. Нападот се случил во 18:30 часот по локално време во ресторан во кој се одржувала приватна забава. Непознато лице, веројатно бегајќи од убијци, се сокрил во ресторанот, и каде ги користел гостите како жив штит. Меѓутоа напаѓачите почнале да пукаат, и подоцна избегале.

Бројот на повредени и натаму не е познат.

The post Крвав напад во Мексико, убиени 13 лица во ресторан, меѓу нив и едно бебе appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com