КСС ја прифати владината понуда за зголемување на платите на административците

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ја прифати владината понуда за зголемување на платите на административците до 2028 година, по 8% годишно, и започна со подготовките на поединечните колективни договори.

Од КСС појаснуваат дека уште од самиот почеток ја прифатиле понудата без опструкции, калкулации или злоупотреба на работниците.

„Нашиот став е јасен – секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш“, велат од синдикатот.