Македонија

Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

После 12 часа од распитот, судскиот совет на Кривчниот суд му одреди куќен притвор на екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Причините за одредување мерка куќен притвор е опасност од бегство и влијание на сведоци. Најпрво јавното обвинителство бараше затворски притвор, но куќниот притвор е одреден поради здравствената состојба на Јакимовски.

-Срамен ден за обвинителството, а позитивен за судот кој реално ги оцени аргументите на одбраната и не му одреди притвор на Јакимовски. Обвинителството натапи без никакви докази. На Јакимовски му е одреден притвор, и одземен му е пасошот – изјави адвокатот на Јакимовски, Виктор Цветковски.

Јакимовски е обвинет за злоупотреба на службената положба во период од 2007 до 2011 година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни