Македонија

„Културата е скапа, некултурата поскапа“ – Протест за спас на МКЦ

„Културата е скапа, некултурата поскапа“ – Протест за спас на МКЦ

Денеска пред Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) се одржа музички хепенинг во знак на протест кон Град Скопје.

Протестот се однесува за разрешувањето на в.д. директорот Ванчо Богоев, кој како што велат од МКЦ е дел од оваа институција 36 години, а бил сменет од својата позиција затоа што не подлегнал на притисоци, односно како што соопштија претходно, не потпишал решение за вработување на музичарот Бени Шакири.

Тие исто така протестираа и поради назначувањето за директор на некомпетентно лице со диплома за детектив, како и поради кратењето на буџетот од Градот кон оваа градска установа за 92% во однос на минатите години.

На протестот присуствуваа голем број граѓани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни