4NEWS.mk

Кумановец тешко повреден, со четирицикл излетал од коловозот

Вчера околу 15.30 часот на регионалниот пат Куманово – село Белановце, на влез во село Слупчане, четирицикл “Сестек“ со швајцарски национални ознаки, управуван од О. Ј. (37) од с. Лојане, излетал надвор од коловозот.

О.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општа болница во Куманово.

Увид извршила увидна екипа од Куманово.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни