Хипотекарската советничка од Велика Британија, 25-годишната Ева Бржеска ја купила куќата кога имала само 20 години, и тоа, како што вели, без ничија финансиска помош.
Во своите снимки, Ева наведе неколку мерки на нејзината земја што го олеснуваат стигнувањето до првиот недвижен имот. Таа тогаш рече дека луѓето кои немаат сопствен имот страдаат од „менталитетот на жртвата“.
Нејзините зборови збеснаа многумина, и ја опсипаа со лути коментари, меѓу другото нарекувајќи ја и арогантна и бесчувствителна.
Оваа девојка, сепак, посочува дека луѓето не треба да очекуваат владата да им обезбеди сe, туку дека треба да штедат и да работат напорно за да стигнат до нивниот прв имот.
„Има мерки за секого, но луѓето мора да разберат дека и тие треба да се потрудат. Многу мои аргументи се однесуваат на менталитетот на жртвата. За луѓето кои веќе поседуваат недвижен имот, ви благодарам што го постигнавте она што сте го зацртале, покажувајќи дека е можно“, вели Ева.
Таа додава дека разбира дека луѓето живеат во различни услови, но секогаш постои начин за да се справат со тоа.
„Ако навистина сакате да купите куќа, но трошите 800 фунти за кирија, најдете цимер да ги поделите трошоците. Знам дека не е идеално, но понекогаш треба да се жртвувате за долгорочна корист. Понекогаш мислам дека луѓето попрво би се жалеле отколку да направат нешто за да ја постигнат својата цел“, тврди таа.
Гордата сопственичка на куќата во едно од своите видеа вели дека започнала да работи на 16 -годишна возраст како келнерка и дека уште тогаш почнала да штеди за куќата. Иако заработувала минимална плата, успеала да заштеди 10.000 фунти.
Многу нејзини коментари ја налутија, а корисниците велат дека таа не знае како они живеат.
https://www.tiktok.com/@ebmortgages/video/6995241380335455493?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&referer_video_id=6995241380335455493&refer=embed&is_copy_url=1&is_from_webapp=v1