Курти кажа дека од состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој треба да се одржи во понеделник 27 февруари во Брисел, очекува разговорите да продолжат врз основа на европскиот предлог.
Тој на новинарите им кажа дека на состанокот во понеделник во Брисел нема да се зборува за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово.
Курти кажа дека во моментов не може да зборува за другите теми, бидејќи тоа зависи од посредниците во дијалогот.
„По понеделник ќе знаеме каде сме“, кажа тој.
