Курти победи во Косово, но се соочи со пад на поддршката

На своите поддржувачи им вети ангажман во секое „ќоше“ во Косово, а тие му веруваа.

Движењето Самоопределување на чело со премиерот Аљбин Курти победи на парламентарните избори во Косово на 9 февруари со околу 41 отсто од гласовите, покажуваат првичните резултати.

Ќе продолжиме со добрите дела што ги започнавме во изминатите четири години и ќе направиме многу други работи, согласно нашите ветувања, од крајот до крајот на Косово, изјави Курти по прогласувањето на победата.

Курти ја водеше Владата во Косово четири години, почнувајќи од 2021 година и кратко време во 2020 година.

Споредено со изборите пред четири години, поддршката за неговата партија паднала за околу 10 проценти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното