Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц , по повод гласините дека би можел да се врати на чело на Австриската народна партија (ОВП), а со тоа и во политиката, вели дека не планира такво нешто.
Курц преку својот Фејсбук профил потврди дека на 14 мај ќе присуствува на Собранието на ОВП и дека дури ќе одржи говор.
Многумина ова го видоа како показател дека тој може да се врати на австриската политичка сцена.
Дури и во рамките на ОВП постои голема желба тој да се врати и да го замени досегашниот лидер на партијата и канцелар Карл Нехамер, кого многу Австријци, како што покажуваат истражувањата, не го сметаат за добар премиер.
– Тоа можам 100 отсто да го исклучам. Мојата иднина е во приватното стопанство – рече тој.
Курц ја започна својата кариера во економијата дури на почетокот на оваа година, кај американскиот инвеститор Питер Тил, а сака да се посвети пред се на инвестирање во стартапи.
Политичкиот „вундеркинд“ кој ја предводеше ОВП до најдобри резултати во историјата на партијата, од неговото повлекување од политиката не се изјасни за политички прашања, ниту беше присутен во медиумите и јавноста.