Лабораторија за фалсификувани документи разоткриена во Приштина: 20.000 микрочипови запленети

Косовската полиција изврши голема акција во Приштина, при што откри и заплени софистицирана лабораторија за фалсификување документи. Според косовските медиуми, полицијата најпрво запленила фалсификувани бланко документи при проверка на возило. Потоа бил извршен претрес во една куќа, која се користела како лабораторија за производство на фалсификувани пасоши, лични карти и возачки дозволи.

Во лабораторијата биле пронајдени и запленети лазерски машини, печатачи, повеќе од 20.000 микрочипови и илјадници фалсификувани документи од 51 земја. Меѓу запленетите документи се наоѓале празни лични карти и пасоши од Република Србија, Обединето Кралство, Бразил, Мексико и Германија.

Полицијата уапсила едно лице кое било во возилото и одредила мерка притвор од еден месец. Отворени се случаи за фалсификувани документи и организиран криминал, а властите продолжуваат со истрагата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното