Лазаревски: Таргети за прислушувње беа и броевите на братот и сопругата на Мијалков

На рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“, сведочеше, Ѓоко Лазаревски, поранешен вработен во МВР. Во исказот по прашањто дали имало броеви кои се сензитивен таргет, кажа дека сензитивен таргет на следење биле телефоните на братот и сопругата на Сашо Мијалков, Влатко Мијалков и Александра Мијалкова.

Лазаревски објасни како технички ги обработувал податоците за полесно да бидат читани и систематизирани.

Во предметот „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и службеници од УБК.

 

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното