Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против Д.К. (31) од Неготино, за сторено кривично дело „измама”.
Во период од 19.09.2018 до 26.09.2018 година, со лажно претставување дека е директор кој раководи со проекти за вработување во Република Германија и дека ќе му обезбеди работа во Р. Германија, пријавениот довел во заблуда 42 годишно лице од село Моштица, Македонска Каменица и го навел во повеќе наврати на две трансакциски сметки на негово име да уплати парични средства, со што се стекнал со противправан имотна корист од 241.590 денари, околу 4 илјади евра.

Двајца албанци приведени поради нелегално престојување и крадење по гостиварски села
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчеравечер ( 10 декември ) околу 19 часот и 20 минути, ги лишиле од слобода албанските држaвјани Д.Л.( 19 ) и К.Р.( 19 ), кои нелегално влегле и непријавено престојувале на подрачјето и поради сомнение дека се инволвирани во кражби во неколку гостиварски села.

Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Гостивар и потоа предадени се во Отсекот за прекуграничен крминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.
