Поврзи се

Балкан

Лажна дојава за бомба во грчкиот Парламент

Непознато лице утрово во осум часот се јавило во информативниот портал „Зугла” и предупредило дека има поставено бомба „внатре и надвор од грчкиот Парламент”, но и дека „ќе има жртви”, јави дописничката на МИА од Атина.

Во анонимниот телефонски повик не бил даден конкретен временски период, како што обично е пракса во ваквите случаи.

Од порталот веднаш ја информирале полицијата, која откако го проверила просторот констатирала дека станува збор за лажна дојава.

The post Лажна дојава за бомба во грчкиот Парламент appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com