Либерално-демократската партија ќе го поддржи кандидатот кој е избран од СДСМ и ДУИ. Ваква одлука била донесена на вечерашната седница на изборниот одбор на партијата.
„За Либерално – демократската партија од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини сите нејзини граѓани, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, но и претседател кој ќе промовира заедништво, стабилност и реформски капацитет во државата. Во овие историски моменти за нашата држава поважно од кога било е да се обединиме и заенички да градиме економски развиено, стабилно и просперитетно општество. Од своето постоење до денес Либерално – демократската партија покажала дека државните и националните интереси се секогаш на прво место“, соопшти ЛДП.