Македонија влегува во фаза на екстремно студено време.
Утре, на 31 декември, граѓаните ќе се соочат со вистинска зима, бидејќи дневните температури на многу места ќе останат под нулата.
Според метеоролошките најави, не очекува засилен до силен северен ветер, а на одредени места е можно и провејување на снег.
Најстудено утре наутро ќе биде во Берово и Маврово со -10 степени, додека во Скопје минималната температура ќе се спушти до -6 степени.
Дневните максимуми ќе бидат многу ниски: во Берово -3, во Маврово -4, а во Скопје температурата нема да надмине 3 степени. Највисока дневна температура од 6 степени се очекува само во Гевгелија.