Македонија

Лефков: Собрнието е крајно нефукционално

Лефков: Собрнието е крајно нефукционално

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција оценија дека периодов Собранието е крајно нефукционално бидејќи на закажаните седници нема кворум за нивно одржување, како и дека за да се покаже дека нешто се работи се закажуваат стари седници со отворени точки на коишто нема присуство на министри или нивни заменици и точките не се отвораат.

-Кредибилитето на Собранието е урнат до таа мера што владините претставници не се појавуваат на седници, што притоа им е законска обврска. Дополнително, не пристигнуваат нови закони од Владата што е знак дека Владата на Ковачевски е толку заспана и некадерна во време на криза, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Миле Лефов од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Лефоков, СДСМ и ДУИ се однесуваат како државата да цвета, а во реалноста граѓаните не знаат како да спојат крај со крај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни