Граѓаните кои вечерва излегоа на протест за скандалот на Клиниката за онкологија од пред Владата се упатија кон зградата на Обвинителствотото. Тие свиреа и извикуваа „убијци за профит“ и фрлаа предмети и јајца кон зградата.
Објектот на Обвинителството е под силно полициско обезбедување а граѓаните извукуваат „чија сте полиција“. Демострантите во еден момент почнаа да извикуваат „нема правда нема мир“ парола која беше карактеристичка за Шарената револуција.