Македонија

Левица: Во Неготино падна ранец од небото, дали постои опасност да падне нешто значително ризично и фатално?

Левица: Во Неготино падна ранец од небото, дали постои опасност да падне нешто значително ризично и фатално?

Од Левица денеска на Фејсбук пишуваат дека во Неготино можеби немало вода, соодветно осветлување по улиците а ни инвестиции, но затоа паѓаат ранци од небото.

Од таму посочуваат дека во текот на вчерашниот ден врз станбен објект паднал неидентификуван предмет.

„И покрај брзата реакција на воената полиција и нашите “пријатели” од НАТО, сепак истото не остана незабележано од наши сограѓани. Се прашуваме, доколку паднал ранец од летечки објект, дали постои опасност да падне нешто значително ризично и фатално по животот и здравјето на неготинци? И што ако овој објект – предмет паднеше на место каде има голема фрекфенција на луѓе?“, прашуваат од таму.

Тие бараат соодветните институции да сносат одговорност и да го расветлат случајот во најкраток можен рок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни