Либиската нафтена корпорација: Можеме да го зголемиме производството на нафта до 3 милиони барели дневно

Мустафа Саналах, претседател на Либиската национална нафтена корпорација (НОК), најави дека доколку се развие нафтениот сектор во земјата, тие можат да го зголемат производството до 3 милиони барели дневно.

Истакнувајќи ја потребата од модернизирање и развој на нафтените капацитети во Либија, Саналах рече: „Ако се случат овие ситуации, можеме да го зголемиме производството на нафта на 3 милиони барели дневно“.

„Либиската национална нафтена корпорација НОК должи повеќе од 6 милијарди либиски динари“

Наведувајќи дека производството на нафта во земјата е кревко, Санала потсети дека Либиската национална нафтена корпорација (НОК) должи повеќе од 6 милијарди либиски динари.

Зголемувајќи го своето дневно производство на нафта на 1,1 милиони барели од формирањето на Владата на национално единство во 2021 година, Либија стана прва меѓу земјите во медитеранскиот басен и втор најголем производител на нафта во Африка, надминувајќи ги Алжир и Ангола.