Поврзи се

Балкан

Лидерите на грчките партии упатија порака до граѓаните да излезат на гласање

Порака до Грците дека денеска треба да излезат и да гласаа, упатија лидерите на најголемите партии откако го остварија нивното право на глас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Денеска зборот е кај граѓаните. Целосно имам доверба во нивната одлука и сигурен сум дека утре ќе се раздени нов светол ден за нашата татковина, порача лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

-Денеска граѓаните со нивниот глас вртат страница во Европа и во Грција. Ја затвораат вратата на екстремната десница и на популизам и го отвораат патот за прогресивни разврски во нашата земја, рече претседателката на Движењето на промени, Фофи Генимата, откако го оствари своето право на глас.

The post Лидерите на грчките партии упатија порака до граѓаните да излезат на гласање appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com