Лимонада со цимет и ванила: Зимска верзија на вашиот омилен пијалок кој го подига имунитетот!

Вистина е дека овој напиток најчесто го консумираме во ладна варијанта, поради што е идеално освежување во текот на летните месеци, но дали знаевте дека лимонадата може да биде и топла? Да, да, добро прочитавте!

Станува збор за напиток кој лесно се подготвува, а кој е одлично освежување во студените зимски месеци. Препознатливата цитрусна арома на лимонот во комбинација со цимет и ванила создава совршена хармонија на вкус на која никој нема да може да и одолее.

Во продолжение погледнете го рецептот за зимска лимонада, која штом ја пробате, несомнено ќе ви стане омилен топол пијалок во текот на зимската сезона!

Состојки (за 3 литри):

1 шолја исцеден сок од лимон
1 шолја шеќер
2 чаши вода
1 лажичка екстракт од ванила
4 стапчиња цимет

Подготовка:

  1. Во шерпата истурете сок од лимон, шеќер, 2 шолји вода и стапчиња цимет и оставете да зоврие.
  2. Штом течноста зоврие, шерпата се трга од оган, се додава екстрактот од ванила и се остава 2-3 часа.
  3. Добиениот сируп измешајте го со 3 литри топла вода и послужете.