Македонија

Лишен од слобода насилникот кој го нападна снимателот на ТВ 24

Лишен од слобода насилникот кој го нападна снимателот на ТВ 24

Денеска (14.11.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.П. (67) од Скопје, постапувајќи по пријава од Љ.И. (42) од Скопје, снимател во ТВ 24, дека денеска околу 14.20 часот на ул. Пржино во Скопје бил физички нападнат од М.П..

Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје преземени се мерки и активности и напаѓачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а по извршената консултација и добиените насоки од јавен обвинител, против М.П: ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „Насилство“ по чл. 386 од КЗ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни