Двете ученички, Алиде и Алмeдина се од село Караслари – Велес.
Тие немаат предмети на албански јазик. Поради тоа што немаат наставник на албански јазик, тие не знаат да пишуваат на мајчин јазик. И повозрасните имаат проблем со пишувањето и читањето на албански јазик. Садам Бојаџиу, кој има 25 години, вели дека му е тешко да пишува и чита на мајчин јазик, и дека албанскиот јазик го зачувале само поради тоа што комуницираат со роднините на тој јазик.
Новинар: На каков јазик учеше на училиште?
Садам Бојаџиу: На Македонски јазик.
Новинар:Дали знаеш да пишуваш и да читаш на албански?
Садам Бојаџиу: Знам да читам, но не многу добро, бидејќи не учев на албански.
Новинар:Немаше ниту еден предмет на албански?
Садам Бојаџиу: Не, ниту еден.
Во основно училиште учат 9 ученици, од кои 6 одат до петто одделение во селото, а потоа настава ја следат во друго село, исто така на македонски јазик.
Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски вели дека моментално нема никакво решение за учениците од село Горно Караслари. Единствената можност е да следат настава на македонски јазик.
Родителите, велат дека никогаш не верувале дека во нивното село ќе се учи на албански јазик, затоа и не покренале никаква иницијатива или барање до Министерството за образование.
„Развивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање иизразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик“ – Член 3 од Законот за основно образование.
Од Министерството за образование не се информирани за овој случај. Контактирани од ТВ21, од МОН ни рекоа дека за да се преземе нешто, родителите треба да достават барање овие ученици да учат на мајчин јазик.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ
