Свет

Лице од Црна Гора означено како опасен шеф на Кавчани: Уапсен во Италија поради 2,5 тони кокаин!

Лице од Црна Гора означено како опасен шеф на Кавчани: Уапсен во Италија поради 2,5 тони кокаин!

Црногорецот Милош Радоњиќ, капетанот на бродот „Макси Јена“ е уапсен во Трст по американска потерница за шверц на кокаин, јавуваат италијанските медиуми!

Америка по него распишала потерница на 15 септември, а според информациите американските власти го сметаат за „опасен шеф на кавачкиот клан“ кој организирал и три пати се обидел да прошверцува вкупно 2.602 килограми кокаин во Европа.

– Кокаинот бил натоварен на американскиот „покриен брод“ од Еквадор или од бреговите на Колумбија – пренесуваат италијанските медиуми.

Според нив, тој бил уапсен два дена пред почетокот на 55-тото издание на регатата, на 6 октомври, а моментално се наоѓа во строго обезбедуваниот затвор во Трст.

Тој беше сослушан, но тој негираше се за што беше обвинет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни