Лизгалиште „ЕУ за тебе“ во новогодишната програма на скопскиот плоштад

Во рамки на новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштад „Македонија“ во Скопје од денеска ќе работи лизгалиште именувано „ЕУ за тебе“.

На отворањето на лизгалиштето ќе биде прикажана кратка програма со деца кои се членови на Федерацијата на лизгачки спортови. На нив, според најавата, ќе им се придружи амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, кој ќе го отвори лизгалиштето.

Се вчитува...

Делегацијата на Европската Унија првпат учествува во новогодишната програма на град Скопје чија програма стартуваше вчера.

Извор: ТВ21