Лога: Македонија е единствената европска држава без биометриски лични карти

Северна Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема воведено биометриски лични карти, предупреди Кренар Лога, потпретседател на Алијанса за Албанците. Тој истакна дека сегашните лични документи се лесни за фалсификување и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси, со што се загрозува чесноста на гласањето, изборниот резултат, но и безбедноста на државата и регионот.

„Процесот на прислушување веќе покажа како сегашните документи можат да бидат злоупотребени“, нагласи Лога, додавајќи дека тоа е особено ризично во услови на слободно движење на Западен Балкан со лични карти.

Тој потенцира дека ако постои итност во земјата, тоа е трансформацијата на сите лични документи во биометриски, со цел да се обезбеди поголема безбедност и заштита на граѓаните.