Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови (над 15 l/m²). На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. T=10°C. P=963hPa. U=85%. V=3m/s.
Следува период на променливо време. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи се очекуваат од четврток.
