Балкан

Лошите временски услови ја прекинаа истрагата на Солунска Глава за паднатиот авион

Истрагата за паднатиот авион „цесна“ П210Н со германски регистрации (D-EUIB) ќе продолжи утре поради лошите времснки услови на Солунска Глава. Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР.

Пронајдени се телата на четворицата патници од малиот авион „цесна” што попладнево се урна кај Солунска Глава. Загинатите се татко, мајка и две деца, државјани на Бугарија. Авионот полетал од Охрид за Софија.

Како што дознава ТВ21 станува збор за Ѓорѓи и Калина Бошњакови и нивните ќерки на возраст од 14 и 18 години. Ѓорѓи Бошњаков работел како Шеф на Одделот за имплементација и одржување на информатичка технологија во Агенцијата за регистрација.

„Малиот авион попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска Глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се лоцирани, како и телата на четирите патници“, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни