Лошите временски услови предизвикаа откажување на летови од и за Истанбул

Многу летови од и за Истанбул денес се откажани поради лоши временски услови, соопшти турското министерство за транспорт.

На повисоките делови на градот паѓа снег, а на други места дожд. Откажани се бројни летови на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ејрлајнс”, кои се главно опслужувани од аеродромот „Истанбул” во европскиот дел на мегаполисот, како и на нискотарифните компании „Пегасус” и „Аџет”, кои се опслужувани од аеродромот „Сабиха Ѓокчен” во азискиот дел на градот. Денес се откажани околу 10 отсто или околу 100 од планираните летови на „Туркиш ејрлајнс”.

На аеродромот „Сабиха Ѓокчен” првично беа откажани 10 отсто од планираните летови за 6 февруари, но подоцна беше соопштено дека се откажани и други. Утре (7 февруари) исто така се очекува да има откажување на летови.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното