Лозари протестираат денеска во Неготино, бараат повисоки цени за грозјето и подобри услови за лозаропроизводство.
Незадоволните производители на грозје велат дека е ова e предупредувачки протест и очекуваат да им бидат понудени подобри услови за откуп на годинашниов род.-Протестот трае од 10 до 15 часот денеска и утре.
На ваков начин го изразуваме својот револт од незадоволителните цени кои пред претстојниот гроздобер ги нудат најголемиот дел од винарските визби.
„Очекуваме нашиот глас да го слушнат откупувачите на грозје и надлежните во државата кои се посредници помеѓу лозарите и винариите. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дека првично објавените цени ќе се корегираат“, рекоа организаторите на протестот.
Тие појаснуваат дека најголем дел од винариите повторно манипулирале и со тоа што нуделе помалку пари за килограм грозје, доколку исплатата ја извршат веднаш по откупот.