Светот го обиколува видеото на автопатот во Куритиба, Бразил, бидејќи снимањето на сообраќајот го прекинал љубопитен папагал.
Камера „CCTV“ во Бразил го снимала сообраќајот од птичја перспектива, а потоа птицата неколку пати влегувала во кадарот од различни страни на камерата.
Видеото од папагалот како ѕирка пред камера стана хит откако на интернет го објави компанијата која ја постави камерата за да го снима сообраќајот.
Птицата што се гледа на снимката е тиркизен амазонски папагал.
