Македонија

ЉУБОВ: Куче нестрпливо го чека сопственикот кој доживеал мозочен удар пред болницата во Прилеп

ЉУБОВ: Куче нестрпливо го чека сопственикот кој доживеал мозочен удар пред болницата во Прилеп

На социјалните мрежи е објавена фотографија од мало кученце кое чека пред болницата во Прилеп.

Имено, истото го чека својот сопственик кој доживеал мозочен удар и се наоѓа токму во болницата.

Според објавата може да се заклучи дека меѓу кучето и сопственикот имало голема љубов.

„Кучево е пред болница во Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар. Два дена го чека пред болница сопственикот и не јаде. Која е оваа љубов луѓе?“, пишува Славко Дамјановски на Фејсбук.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни