Свет

Луда теорија: Украинците испратија авион во Јарун кај Житомир, завршија кај Јарун во Загреб?!

Луда теорија: Украинците испратија авион во Јарун кај Житомир, завршија кај Јарун во Загреб?!

Како беспилотното летало од советската ера што го користеа Украинците за снимање и мамка против Русите, заврши уништено во Загреб? Рутата за овие авиони е внесена порано. И Украинците имаат свој Јарун, во близина на Киев …

Загрепчани биле вознемирени од експлозијата во четвртокот по 23 часот. Како што стојат работите, на Јарун се урна дрон. Според експертот за воена авијација, најверојатно се работи за украински дрон Ту-141.

На остатоците од леталото можеше да се види црвена петокрака и кириличен натпис . Експертот објасни дека се работи за беспилотно летало од советско време кое го придвижувале Украинците по 2014 година. Тие го користат за снимање, но и како мамка за тестирање и откривање каде се руските противвоздушни сили. Пред неколку дена еден таков авион се урна во Украина и наводно го погодиле Русите.

Како што објасни воздухопловниот експерт,  повеќе е крстаречка ракета отколку традиционален дрон, се лансира од приколка, а рутите се однапред одредени.  Не носи оружје, се користи за снимање и собирање податоци и слетува со падобран.

На местото на несреќата каде прво пристигнаа новинарите на 24сата, загрепската полиција пронашла два падобрани.

Погрешно внесување на релација Јарун – Јарун ?!

Како украинскиот дрон од советската ера заврши на Јарун?

Постои една прилично неверојатна теорија. Како што објасни експертот, станува збор за авион кој има однапред одредена рута. И сега доаѓа интересниот дел. Во Украина има место Јарун, кое се наоѓа во регионот Житомир, помеѓу Киев и Лавов.

Како помина цела воздушна одбрана на НАТО?!

Не е невозможно Украинците да го програмирале за снимање и да има грешка Јарун – Јарун, па дронот наместо украинскиот Јарун го снимил најпознатото езеро во Загреб.

Се уште постои голем знак прашалник како е можно крстосувачка ракета, која лета шест километри со брзина до 900 км/ч, да ги помине сите радари и воздушна одбрана на НАТО и да падне право врз Загреб …

24 сата

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни