Лудите временски услови за 10 години ќе бидат сосема нормални

„Лудите“ временски услови годинава го зафаќаат целиот свет, а за десет години тие ќе станат сосема нормални доколку не се преземат драматични климатски активности, велат водечките светски климатолози.

Топлотните бранови, шумските пожари и поплавите на кои сме сведоци ќе бидат секојдневие допрва, додаваат климатолозите. Предупредуваат дека без сериозно да се занимаваме со климата, нема да биде подготвени за тоа што не чека во иднина, пишува Гардијан.

Научници од целиот свет велат дека порастот на глобалните температури е целосно во согласност со децениските предупредувања и дека на луѓето и на градовите им се закануваат екстремни временски услови, повеќе отколку што се очекуваше.

„Јули беше најтоплиот месец во историјата на човештвото, а луѓето ширум светот ги трпат последиците. Но, ова е она што го очекувавме .Ова ќе стане просечно лето за 10 години, освен ако светот не почне да соработува и да го стави климатското прашање на прво место“, рече професорот Пирс Форстер од Универзитетот во Лидс.

Професорот Кришна Ачутарао истакнува дека овие последици се многу полоши отколку што очекувале неговите колеги.

„Ризиците од климатските промени не се потценети на глобално ниво. Но, нивните последици се, бидејќи ние сме многу поранливи отколку што мислевме – нашата ранливост нè удри во лице“, вели Кристоф Касу, истражувач на Универзитетот Пол Сабатие Тулуз III во Франција.

Топлинските рекорди, како и рекордите во бројот на шумски пожари, беа срушени во текот на 2023 година од Северна Америка, преку Европа, до Азија.

Научниците веруваат дека се уште постои „мал прозорец“ на можност да се избегне најлошото кога се во прашање климатските промени.

Тие најмногу укажуваат на едно нешто што е од фундаментално значење – да се намали употребата на фосилни горива.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното