Луѓе скокаа од прозорци, училиштата затворени: Турција беше погодена од повеќе од 100 последователни потреси по силниот земјотрес


Повеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степени што го погоди регионот Баликесир во Турција синоќа, од кои најсилниот беше 4,4.

Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања.

Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денес нема да работат, а беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.