Луѓето кои имаат куче полесно се борат со пандемијата

Истражувањето покажа дека луѓето кои поседуваат кучиња се помалку склони кон депресија за време на пандемија

Една нова студија сугерира дека поседувањето куче ги ублажило некои од негативните психолошки влијанија на пандемијата Ковид 19. Истражувачите во Сент Луис откриле дека оние кои поседувале куче биле значително помалку депресивни од оние кои немале миленичиња.

Студијата, објавена во списанието PLOS One, анкетирала 1.535 возрасни ширум САД за нивното ниво на депресија, анксиозност и среќа.

Оние кои поседуваат куче рекоа дека чувствуваат дека им е достапна поголема „социјална поддршка“ (70 проценти), во споредба со оние што немаат (65 проценти).

„Ова ниво на социјална поддршка веројатно имаше ефект на ублажување на негативното влијание на пандемијата Ковид 19“, се вели во студијата.

Сепак, студијата не откри разлика во проценките на среќата и анксиозноста меѓу двете групи. Истражувачите рекоа дека нивните наоди покажуваат дека „кучињата можат позитивно да придонесат за благосостојбата на сопственикот во тешки времиња“.

Резултатите придонесуваат за наодите од претходните студии дека поседувањето куче може да биде корисно за менталното здравје.

Кучињата се „сметаат дека се грижат за своите сопственици со додавање на безусловна љубов“, се вели во студијата.

“Милениците обезбедуваат удобност и рекреација и го одвлекуваат вниманието од грижите. За разлика од другите социјални интеракции, обично не се потребни посебни социјални вештини за да се предизвика позитивна реакција од домашно милениче”, се вели во студијата.

Претходно оваа година, истражувањето на Универзитетот Јорк покажа дека од скоро 6.000 анкетирани луѓе во ОК, 90 отсто рекле дека нивното милениче им помогнало подобро да се справат за време на ограничувањето на пандемијата.

Покрај тоа, 96 проценти рекле дека нивното милениче им помагало да останат фит и активни.

Поврзани вести

Најважното