Живот

ЛУЃЕТО КОИ НИКОГАШ НЕ СЕ БОЛНИ РЕДОВНО ГИ ПРАВААТ ОВИЕ 6 РАБОТИ: Овие навики го максимизираат имунитетот!

Силниот имунолошки систем е многу важен во текот на годината, особено во денешно време кога е присутен корона вирусот. Зачувувањето на имунитетот во текот на зимата е посебен предизвик, но одредени навики можат да ни помогнат во тоа.

Сигурно познавате барем една личност која успева да остане здрава додека сите околу него киваат, кашлаат и се чувствуваат лошо. Ваквите среќници ги прашавме за нивните животни навики кои секоја година ги спасуваат од настинки:

  1. Контролирајте го стресот

Докажано е дека стресот го ослабува имунитетот на организмот, а експертите тврдат дека може да се контролира. Пред сè, важно е подобро да ги организирате вашите дневни обврски и да ја задржите контролата над се што треба да направите во рок од еден ден или една недела. Авторката на книгата „Кабинетот за алтернативна медицина“, д-р Кејти Грувер, тврди дека негативните последици од стресот можат да се ублажат со омилените активности како танцување, медитации, визуелизации и позитивни афирмации.

  1. Дружете се

Друг начин телото да се ослободи од стресот е смеењето, па луѓето кои ретко се болни секогаш наоѓаат начини да бидат во контакт со кругот на пријатели.

  1. Често имаат секс

Сексот го намалува нивото на стрес, а го зголемува нивото на задоволство. Кога сме среќни и задоволни, нашето тело ќе има помалку проблеми да се носи со „нападите“ од надворешната средина.

  1. Спијте доволно

Експертите се согласуваат дека доволно спиење е едно од најважните правила за здрав живот. Студијата на Универзитетот Карнеги Мелон и Медицинскиот центар во Питсбург покажа дека луѓето кои спијат од 5 до 6 часа во текот на ноќта имаат 30 отсто поголеми шанси да настинат отколку лицата кои спијат 7 часа или повеќе.

  1. Редовно вежбајте

Добро е познато дека редовната физичка активност го зајакнува целиот организам. Ако сакате да одржувате добро здравје, вежбајте најмалку 3 пати неделно.

  1. Се движат

Ако не вежбате, редовната прошетка од најмалку 30 минути ќе помогне да се зајакне имунолошкиот систем.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни