Луѓето не престануваат да ги коментираат насловите на песните од новиот албум на Адел: Веќе плачам

Познати се имињата на песните од долгоочекуваниот албум на пејачката Адел кој треба да излезе на 19 ноември.

Насловите на песните најпрво се појавија на веб-страницата Target и набрзо се проширија на социјалните мрежи. Новиот албум на Адел вклучува 12 песни и три бонус песни.

Насловите на песните од албумот се: Strangers by Nature, Easy On Me, My Little Love, Cry Your Heart Out, Oh my God, Can I get it, I Drink Vino, Цела ноќ паркинг, Жена како мене, Издржи, Да биди сакан, Љубовта е игра.

Обожавателите на пејачката не престануваат да ги коментираат имињата на песните од албумот 30 на Твитер, а веќе пишуваат која од нивните песни ќе им биде омилена, судејќи само по нејзиното име.