Пред неколку дена, големиот филмаџијата Шон О’Банион, како учесник во снимањето на „Чарливите Ангели“ истакна дека актерот Бил Мареј ја навредил неговата колешка Луси Лиу, па сега и таа проговори за случувањата.
Според него, Мареј ѝ рекол на Лиу дека таа е „само една ТВ-глумица“.
„Мислам дека некои од тие приказни се приватни. Но, јас ќе кажам, кога почнавме да ја вежбаме таа сцена, во која сите бевме во агенцијата, го имавме викендот за да ја преработиме таа конкретна сцена и Бил Мареј не беше во можност да дојде затоа што мораше да присуствува на некој семеен собир. Но, тука беа сите други, па ја направивме сцената пофлуидна… Но, како што минуваа сцените, Бил почна да навредува, и јас нема да навлегувам во ситници, но тоа само продолжуваше и никако да запре. Не можев да верувам дека (коментарите) можат да бидат кон мене, затоа што имам врска со нешто што е многу важно во тоа време? Буквално погледнував зад себе, во смисла – „мене ми зборуваш, или на некој зад мене?“ Јас му велам – „многу ми е жал, дали зборуваш со мене?“, раскажува Лиу.
Во вториот дел од „Чарливите Ангели“ од 2003., Мареј беше заменет со комичарот Берни Мак.
„Јас воопшто немам ништо против Бил Мареј. Се видовме еднаш на повторната средба на глумците од филмот, ми пријде и беше „пристоен”… Но, јас нема само да седам таму и некој да ме напаѓа“, вели Лиу.
