Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе територијата на Црна Гора во четири часот и шест минути, а тресењето на земјата е почувствувано и во Србија, како и во Босна и Херцеговина.
Колку бил силен земјотресот сведочат и корисниците на социјалните мрежи.
„Ме „разбуди“ земјотрес на 4.500 километри од дома во 4 часот и 5 минути. Лустерот на скалите се нишаше толку многу што се вклучи аларм кој го препозна движењето во собата“, стои во објавата на која е објавена фотографија.
Некои корисници известуваат дека земјотресот бил почувствуван во Краљево.
4500Km od kuce ,,probudio" me zemljotres u 4h5min,luster na stepenistu se toliko ljuljao da se uključio Alarm prepoznao kretanje u prostoru pic.twitter.com/LdNlnQJFG9
— Sadik (@sadikb1953) March 14, 2024
Тресењето се почувствувало и во Хрватска
За потсетување, Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека епицентарот бил на пет километри југозападно од градот Чараѓе во општина Плужине. Фокусното место беше на длабочина од 14 километри.
Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека нивните сеизмографи забележале силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала на 56 километри североисточно од Дубровник.
Земјотресот беше силно почувствуван во областа Дубровник
Komentar Crnogorca na Earthquake- vidi cela juga se javila pre nas Crnogoraca da prokomentariše zemljotres. Pa kad ste lenji majku mu!:) Dobro jutro, jel vas drmnulo?
— AciroZ (@by_zorica) March 14, 2024
Недолго по првиот потрес, во 4 часот и 14 минути се случи нов земјотрес со малку послаб интензитет од 3,1 степени според Рихтеровата скала, но овој пат од босанската страна на границата. Во 4 часот и 30 минути следеше уште еден земјотрес со ист интензитет на територијата на Црна Гора.
Најсилното тресење е почувствувано низ цела Далмација, особено во областа Дубровник, но дојавиле и од Сплит и Шибеник, јавуваат локалните медиуми.
Силен земјотрес. Сите во куќата се разбудиле од сон“, напишал читател на „Индекс“ од Сплит.
Повеќе од 300 корисници на EMSC објавија дека земјотресот бил почувствуван во Хрватска.
„Добро се тресеше“, „Долго и силно“, „Ме разбуди. Силно и долго“, „Се исплашив до смрт“, „Не разбуди, долго траеше“, „Околу 10 секунди“ и „Тоа добро се заниша“, гласат дел од реакциите.
