Македонија

М-НАВ го прифатија предлогот на Влада, нови директори се Хекуран Асани и Милан Кораќ!

М-НАВ го прифатија предлогот на Влада, нови директори се Хекуран Асани и Милан Кораќ!

Надзорниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) има нов состав.

Тие го прифатија предлогот на Владата за разрешување на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски и на нивно место ги назначи Хекуран Асани и Милан Кораќ, кои на новите функции стапуваат од наредната недела.

На функција исто така останува досегашниот директор Хасим Деари, а за нов член на надзорниот одбор е назначен Едмонд Калиќи, кој беше нападнат во инцидентот на 4-ти јануари.

Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски следува по инцидентот во кој вработен со други 7 лица нападна друг вработен на работното место.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни