Да Ве известиме дека твдењата на Синдикатот на Контролори на летање се неточни. Селекцијата за контролори се одвива според препораките на Eurocontrol, FEAST тестовите, лекарските прегледи, интервјуата што се филтри кои се спроведени од страна на Данските експерти кои се избрани со постапка за јавна набавка од М-НАВ А.Д. е во финална фаза за реализација.
Не се точни тврдењата и шпекулациите дека ние како институција не им веруваме на Данските експерти, напротив имаме одлична соработка со нив и нивното меѓународно реноме.
Исто така не се точни тврдењата дека Управниот одбор има дадено изјава дека го оспорува изборот на 8-те кандидати или дека кандидатите не се вистинскиот избор, напротив процесот не е едноставен и се спроведува според акциониот план на М-НАВ.
Ве уверуваме дека процесот се одвива нормално, согласно акциониот план и се очекува да биде завршен наскоро во предвидениот рок согласно сите национални и мегународни стандарди за да можеме да го започнеме школувањето на кандидатите.