Велат дека водата е најдобриот и најздравиот пијалок во светот, што помага и за слабеење.
Еден од начините на кои оваа чиста течност придонесува за губење на тежината е тоа што не прави посилни, а една студија објавена во „Анализите на семејната медицина“ покажа дека постои значајна врска помеѓу недоволниот внес на вода и дебелината.
Сепак, она што многумина не го знаат е дека со додавање на еден зачин во вода, губењето на тежината може дополнително да се забрза.
„Пробајте вода со кумин“, советува диететичарката Триста Бест.
Овој зачин е богат со антиоксиданси, кои имаат добар ефект врз имунолошкиот систем и здравјето на цревата и го намалуваат воспалението.
„Научниците го проучуваа ефектот на кумин врз губење на тежината и се покажа дека метаболизмот е побрз кај оние што го консумираат. Побрзиот метаболизам значи и побрзо согорување калории”, вели Бест.
Во мала клиничка студија во која учествувале 88 жени, експерименталната група јадела јогурт со кумин најмалку два пати во денот, во текот на три месеци. Другата група јадела иста количина јогурт, но без дополнителен кумин, во истиот период.
Се покажа дека кај жените кои консумирале јогурт со кумин, нивната тежина, индекс на телесна маса, обемот на половината, како и количината на маснотии значително се намалиле. Исто така, имале пониско ниво на холестерол, триглицериди и „лош“ холестерол, додека нивото на „добар“ холестерол е зголемено.
Диететичарот Бест вели дека водата со кумин, исто така, помага да се регулира нивото на шеќер во крвта, помагајќи им на клетките подобро да реагираат на гликоза и инсулин.
Како да направите вода со кумин :
Водата со кумин може да се конзумира топла или ладна, а диететичарот Бест објаснува како да ја направите.
- Натопете една лажица семе од кумин во чаша или две вода и оставете да отстои преку ноќ.
- Утрото, ставете ја водата со кумин на оган да зоврие, околу пет минути, а кога ќе се излади процедете и додадете мраз или повторно стоплете ја, во зависност од тоа што претпочитате.
„Препорачувам да додадете малку природен засладувач или цимет за да има подобар вкус“, вели Бест.
