Мајка на седум деца, го роди своето последно дете пред само пет месеци, а сега повторно е бремена

Мајка на осум момчиња откри дека е повторно бремена, иако нејзиното најмало дете има само пет месеци.

29-годишната Јалансија Росарио ги роди децата Џамел (12), Мајкл Џуниор (9), Ангел (8), Гимани (6), Армани (3), Синкреа (1), Казе (5 месеци) и Армани кој го загуби во третото тромесечје од бременоста, што денес би наполнил шест години. Сега повторно е во слатко исчекување.

„Сè уште не го знаеме полот, но претпоставувам дека е момче, како и секогаш“, се пошегува таа.

Нејзиниот термин е следната година.

„Отсекогаш сонував за големо семејство бидејќи пораснав како најстара од седум деца. Забременив со неколку деца и покрај контрацепцијата, а неколку од нив планиравме. Сега веќе не користам заштита“, истакнува таа.

Ја следат илјадници луѓе на TikTok и Instagram, а понекогаш наидува на срамни коментари.

„Луѓето мислат дека ги користам нивните пари или ми велат дека е лесно да имаш деца ако живееш од додатокот. Ме прашуваат дали сум слушнала за заштита и колку татковци имаат моите деца. Сè негативно го претвораам во позитивно. Моја судбина е да бидам мајка. Мирна сум и мислам дека ништо не пропуштив бидејќи имам многу деца. Празниците ни се забавни,секое дете има посебна личност, уживам да подготвувам храна и да се грижам за децата“, вели Јалансија.

Целото семејство станува околу 6 часот наутро, се подготвува за денот, појадува заедно, а потоа се упатува на училиште. Јалансија останува дома да се грижи за помалите деца и готви и чисти додека останатите не се вратат дома попладне.